Зимскиот преоден рок денес и официјално започна, а веќе на првиот ден од новата година се појави вест за еден од најголемите трансфери во јануари.
Имено веќе долго време се пишува дека Реал се обидува да го доведе Еден Азар, а според англиските медиуми овој трансфер наскоро ќе биде и реализиран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна, таткото на Еден за медиумите во Англија откри дека Еден не го продолжил договорот со Челзи и дека нема намера тоа да го нпарави бидејќи ја чека понудата од Реал Мадрид.
Според медиумите, Флорентино Перез припрема понуда од огромни 135 милиони евра (120 милиони фунти), што би било нов рекорд во Премиер лигата.
Договорот на Хазард со Челзи истекува во летото 2020 година, па во клубот веројатно се свесни дека тој порано или подоцна ќе премина во Реал.
Тоа секако не значи дека Роман Абрамович лесно ќе се откаже од неговите услуги, но понудата од 135 милиони евра и тоа како може да биде пресудна, бидејќи таа сума би била подобра отколку да имаат незадоволен фудбалер во тимот.