Дома Останати Тенис Луд пресврт на Вимблдон: Губеше со 2:0 во сетови и 5:0 во клучниот сет – на крајот победи!

Луд пресврт на Вимблдон: Губеше со 2:0 во сетови и 5:0 во клучниот сет – на крајот победи!

Teнисерот Томаш Махач приреди неверојатен пресврт за пласман во второто коло на Вимблдон откако во меч во пет сета беше подобар од Давид Гофан со 3-2 (3-6, 3-6, 6-4, 6-1, 7-6).

Мечот траеше три часа и 21 минута, а се најде во центарот на вниманието поради пресвртот кој го режираше Махач.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гофан ги доби првите два сета и поведе со 2:0. Но, Махач тогаш се разбуди и со 6:4 и 6:1 изрмани на 2:2.

Петиот сет Махач лошо го започна и губеше со 5:0, меѓутоа ниту тука не се откажа и успеа да дојде до тај-брејк кој го освои со 10:5 за победа од 3:2 во сетови.

Противник во второто коло на Махјач ќе му биде Роман Сејфулин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал само што ја заврши кариерата настапи на турнир во друг спорт

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал веќе ја заврши кариерата во тенисот, а последнито настап г…