Во Челзи не мируваат во овој јануарски преоден рок.
Не поминаа ниту четири дена откако „сините“ го обезбедија потписот на Кристијан Пулишиќ за сума од 64 милиони, денес очите на сите оние кои ги следат случувањата на трансфер пазарот одново се вперени кон „Стенфорд Бриџ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алваро Мората практично со една нога веќе во Севиља!
Реномираниот медиум од Севиља, „Естадио Депортиво“ утрово на својата насловна страна пренесува дека Мората ги договорил сите услови со клубот од Андалузија во директен контакт со неговиот агент Хуан Лопез.
Сега пред Севиља останува уште да се договори со Челзи кој пред една година искешира 66 милиони евра на Реал, плус бонуси со што целата зделка достигна вредност од 80 милиони евра.
Поради тоа јасно е дека ако Севиља се договори со Челзи, тоа ќе биде за клупски рекорд за клубот од Андалузија.
Од друга страна, „Ди Марцио“ тврди дека Челзи закажал нова рунда преговори со Јувентус за Гонзало Игуаин, Милан каде што Игуаин игра на позајмица се очекува со задоволство да го прифати ваквиот расплет.
Наводно, „сините“ за Игуаин се спремни да платат 36 милиони евра, така Милан би се ослободил од големата плата на Аргентинецот.
Постојат и информации кои во јавноста ги пласираше не толку познатиот новинар како Ди Марцио, Алфредо Педула – тој тврди дека Челзи се распрашувал и за Едисон Кавани во ПСЖ.
Како што изгледа ќе биде ова долг преоден рок за „сините“.