Дома Фудбал Останато Лудница во Турција: Чуден гол на Робињо кој тимот на Арда Туран може да го плати со титула! (Видео)

Лудница во Турција: Чуден гол на Робињо кој тимот на Арда Туран може да го плати со титула! (Видео)

Башакешир – Сивас 1:1, домаќинот натпреварот го заврши со два црвени картон, исклучен беше и Арда Туран кој го турна помошникот судија.

Шок во Инстанбул…Неверување. Два црвени картон со исклучување на Туран во 94 минута поради туркање на помошникот судија.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Галатасарај има 66 бодови како и Башакешир, но и натпревар помалку против Ахисар на гостински терен.

Башакешир до предност стигна на стартот од натпреварот, во 14 минута. После грешката во одбраната на Сивас, топката стигна до Адебајор кој не беше себичен и ја проследи до Бајиќ на кого му остана полесниот дел од задачата.

Во 38 минута Марсија Мосоро го заработи вториот жолт картон и беше исклучен, па Башакешир остана со играч помалку.

Робињо во судиското продолжение погоди на луд начин, топката после неговиот удар некако заврши во голот и Сивас извлече бод кој Башакешир може да го плати со титула…

Ситуацијата на табелата е следна: Башекшир и Галатасарај имаат по 66 бодови. Галата има натпревар помалку како и Фенербахче кој е трет со 63 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На повидок пресврт во ситуацијата на Јовиќ во Милан!

Лука Јовиќ конечно почна да игра подобро, по тој натпревар против Австрија, кога ја обезбе…