Дома Топ вести Лудница во Лос Анџелес: Пристигна Златан!

Лудница во Лос Анџелес: Пристигна Златан!

Златан Ибрахимовиќ пристигна во Лос Анџелес. Легендарниот шведски напаѓач после неполни две сезони го раскина договорот со Јунајтед и одлучи кариерата да ја продолжи во МЛС лигата, односно во дресот на Лос Анџелес Галакси.

Голем број навивачи на овој тим го пречекаа Златан. Видливо беше воодушевувањето помеѓу нив. Ибра се фотографираше со нив и не ја криеше радоста што стана член на Галакси.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Да потсетиме, Златан овој трансфер го најави во ЛА Тајмс. Ја закупи целата страница на весникот со само две реченици: Почитуван Лос Анџелес. Нема за што.

Ибра својот деби натпревар би требало да го има веќе викендот против ривалот Лос Анџелес и тоа без ниту еден тренинг со остатокот од тимот.

Во богатата кариера 36. годишниот фудбалер играше за бројни фудбалски великани. Покрај Јунајтед, Ибра настапуваше уште за ПСЖ, Интер, Милан, Јувентус, Барселона, Ајакс и шведски Малме каде ја започна кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…