Дома Фудбал Италија Лудило на аеродромот: Клајверт пристигна во Рим!

Лудило на аеродромот: Клајверт пристигна во Рим!

Спортскиот директор на Рома, Мончи, е на чекор да направи уште еден одличен трансфер бидејќи утре би требало за клубот да потпише Џастин Клајверт.

Овој 20-годишен напаѓач го привлече вниманието на фудбалската јавност со игрите во дресот на Ајакс. Интерес за неговите услуги покажаа многу европски великани, но на крајот Клајверт се одлучи за Рома.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Како што пишуваат медиумите на Апенините овој трансфер Рома ќе ја чини 20 милиони евра, а Холанѓанецот ќе потпише шестгодишен договор. Клајверт вечерва допатува во Рим, а веќе утре треба да ги направи лекарските прегледи. Нормално, на аеродромот беше пречекан од група на навивачи на Рома.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Tрамп: Баш ми е гајле дали Иран ќе игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп отворено зборуваше за прашањето на учеството на фуд…