Дома Трансфер зона Луда понуда од Милан за Белоти – навивачите сигурно ќе бидат бесни!

Луда понуда од Милан за Белоти – навивачите сигурно ќе бидат бесни!

beloti

Не се откажуваат од минатогодишниот план, но евентуалната ваква понуда на поголемиот дел од навивачите сигурно нема да им се допадне.

Дали Белоти конечно ќе заврши во Милано?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа прашање се поставуваше во текот на летото, кога Торино одби од Милан 70 милиони евра за популарниот „петел“.

Од таборот на „биковите“ беа упорни и тврдеа дека нивниот напаѓач вреди 100 миолиони евра, толку и изнесува клазулата во неговиот договор.

Но, во меѓувреме цената на Белоти падна, оваа сезона не е на нивото од минатата и постигна само 12 голови во Серија А.

Милан повторно се појави и ваквата понуда сигурно ќе наиде на неодобрување кај поголемиот дел од фановите.

Според медиумите во Италија Милан има намера да понуди 50 милиони евра и пллус талентираниот Патрик Кутроне кој оваа сезона покажа дека има потенцијал да стане голем играч.

Покрај тоа статистиката ни кажува дека ова не би бил добар потег на Милан.

Кутроне оваа сезона постигна 15 голови на 40 натпревари, поефикасен е и помлад од Белоти, навистина одигра некој натпревар повеќе во Лигата на Европа, но звучи лудо Милан да се откаже од неговите услуги, па дури и да понуди плус 50 милиони евра.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…