Дома Фудбал Италија Лоши вести од Милан – четворица заразени од корона?

Лоши вести од Милан – четворица заразени од корона?

Италијанскиот гигант  Милан вчера започна со индивидуални тренинзи во тренинг кампот Миланело, но денес пристигнуваат лоши вести.

Пред да започнат тренинзите им беа направени лекараски прегледи на сите фудбалери и персонал, а „Кориере дело Спорт“ известува дека кај „росонерите“ има четири позитивни случаи на коронаворус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми ја пренесоа оваа вест, но не информираа дали меѓу заразените има фудбалери или се тоа само лица вработени во клубот.

Засега клубот не потврдува за тоа. „Кориере дело Спорт“ пишува дека можеби клубот чека на резултатите од повторните тестирања пред да соопшти во јавноста дали има или нема коронавирус во клубот.

Претходно во Фиорентина беа пријавени шест случаи од кои тројца фудбалери, а во Сампдорија заразени се четворица фудбалери, што секако не се добри вести за продолжувањето на Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…