Одличниот напаѓач на Борусија Дортмунд Мичу Батчуаи е потешко повреден во вчерашното дерби против Шалке.
Во завршницата на натпреварот во кој Шалке водеше и на крајот славеше со 2:0, Батчуаи тргна кон голот на домашниот тим, но после контакт со еден дефанзивец на Шалке заработи повреда и на носилки беше изнесен од теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се виде и по изразот на лицето на Батчуаи дека неговата повреда е сериозна, а степенот на тежината сеуште не е познат.
„Има големи болки и би можел долго да отсуствува. Сепак се надевам дека не е толку лошо.“ – изјави тренерот на Милионерите.
Белгијанците се во страв дека Батчуаи ќе го пропушти Светското првенство во Русија. Иако не е прва опција на селекторот Роберто Мартинез, ќе биде вистинска штета доколку не се појави на Мундијалот.