Дома Фудбал Италија Лоши вести за Јувентус: Крај на сезоната за Мекени

Лоши вести за Јувентус: Крај на сезоната за Мекени

Иако прво се најавуваше дека ќе отсуствува два месеци, сезоната за Вестон Мекени е завршена.

Американецот се повреди во натпреварот од Лигата на шампионите против Виљареал. Првите прогнози на докторите беа оптмистични, но изгледа дека опоравувањето многу подолго ќе трае. Веста за Мекени ја потврди и стратегот Алегри.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„За жал сезоната за Мекени е завршена. Ќе се врати со тимот дури на летните припреми“, изјави Алегри.

Мекени нема да може да помогне и на САД во последните натпревари во квалификациите за СП во Катар, иако и без него тие се во одлична позиција да се пласираат на Мундијалот.

Мекени веќе се врати во Америка каде што пред неколку дена гледаше и натпрев на Лејкерси во НБА лигата. Ќе потсетиме кај Јувентус од претходно сезоната исто така е завршена за Федерико Киеза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Граѓаните бараат од Гвардиола да донесе одлука веднаш

Раководството на Манчестер Сити побара од менаџерот на Тимот, Пеп Гвардиола, да ги открие …