Фудбалерите на Наполи доживеаа пораз на свој терен од екипата на Каљари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Калиду Кулибали натпреварот го започна од клупата, но на теренот влезе на стартот од второто полувреме. Госите поведоа во 87. минута, а по примениот гол, Кулибали се изнервира и гласно му викаше на главниот судија, кој му покажа директен црвен картон.
Поради тоа го очекува најмалку еден натпревар суспензија, но Сенегалецот може и подолго да отсуствуа од теренот. Италијанските медиуми пренесуваат дека тоа ќе зависи од извештајот кој судијата ќе го напише.