Jирген Клоп после денешното реми со Евертон соопшти лоши вести за навивачите.
Ван Дајк се повреди во првото полувреме од овој натпревар, а повреда изгледа заработил и Тијаго Алкантара.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не е добро. Ван Дајк ми кажа дека од болка не можел да згази на ногата. Покрај него, Тијаго ми се пожали дека стравува дека е повторно повреден после судирот со Ричарлисон. Ќе видиме колку е сериозно, но сигурно чувствуваше нешто штом ми го кажа тоа. Еден играч изгубивме поради ВАР, а вториот во ситуацијата со црвениот картон. На сето тоа во финишот ни беше поништен и гол, денес не беше наш ден“, изјави Клоп.
Ливерпул како и останатите тимови го чека жесток распоред и во наредните 20 дена ќе одигра шест натпревари, до 8. ноември кога е новата репрезентативната пауза.