Дома Фудбал Англија Лоши вести за Ливерпул пред крајот на сезоната

Лоши вести за Ливерпул пред крајот на сезоната

keita

Ливерпул до крајот на сезоната остана без својот играч од средниот ред, Наби Кеита.

Поранешниот член на Лајпциг се повреди на наптреварот против Барселона, а Клоп на денешната прес-конференција потврди дека се работи за тешка повреда.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„За жал, вестите не се добри. Според првите прогнози, Наби ќе паузира два месеца. Се радуваше за настап на Афричкиот куп на нации, но нема да биде спремен.“ – изјави Клоп.

Оваа вест за Клоп значи дека нема да може да смета на Кеита во последните два Премиерлигашки натпревари против Њукас и Волвс, како и против Барселона во реваш натпреварот од полуфиналето во ЛШ.

Што се однесува за Кеита, освен а Ливерпул нема да настапи ниту на Афричкиот куп на нации кој ќе се одржи од 21 јуни до 19 јули во Египет.

Инаку, тој во текот на оваа сезона одигра вкупно 33 натпревари и запиша три погодоци и една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…