Хофенхајм игра одлично оваа сезона во Бундеслигата, а еден од најдобрите фудбалери на овој тим секако е Флоријан Грилич.
Овој 23-годишен играч за врска го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат лондонските ривали Арсенал и Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австрискиот репрезентативец кариерата ја започна во Вердер, од каде минатото лето се пресели во Хофенхајм и буквално „експлодира“.
Неговиот агент веќе отпатувал во Лондон каде ќе има средба со претставници на Тотенхем и Арсенал, па би можел да се пресели во Премиер лигата уште во јануари.
Грилич има договор со Хофенхајм до 2021 година, но германскиот клуб ќе биде немоќен да го задржи бидејќи во договорот има откупна клаузула од 20 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за споменатите клубови.