Дома Фудбал Англија Ловрен: Гладни сме да покажеме што можеме, Лигата на шампионите е непредвидлива

Ловрен: Гладни сме да покажеме што можеме, Лигата на шампионите е непредвидлива

Ливерпул во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите изгуби од Барселона со 3:0 и ќе се обиде утре да ја надополни таа негатива, а на „црвените“ посебно ќе им биде тешко затоа што не постигнаа гол на гости.

После тесната победа над Њукасл од 3:2 со која останаа во трка за шампионската титула Ливерпул ќе се обиде да надополни три гола за заостанување против Барселона. Барса минатата година испушти голема предност против Рома.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Многумина го отпишуваат Ливерпул и не им даваат шанси за пласман понатаму, тоа Ловрен тврди дека ги прави повеќе гладни и лути.

„Тоа прави да бидеме повеќе лути. Лути и гладни да покажеме дека сме способни за такво нешто, посебно на „Енфилд“. Имаме големи играчи кои можат да го покажат тоа во големите натпревари. Таков е натпреварот утре. Очекувам тоа да биде еден од најголемите натпревари на „Енфилд“. Тоа е затоа што сме ние Ливерпул, единствен клуб. Лигата на шампионите е непредвидлива и ние веруваме дека можеме да успееме“, изјави Ловрен.

Хрватскиот стопер во 2016 година беше дел од екипата на Ливерпул која во полуфиналето испадна токму од Дортмунд, тогаш малку недостасуваше да се случи пресврт кога погодок постигна токму Ловрен.

„Не може да се споредува овој со тој натпревар. Резултатот во однос на првиот натпревар е поинаков. Кога би споредувал, можеби би го споредил со оној со Манчестер Сити кога поебдивме со 3:0 минатата година и кога постигнавме гол во реваншот прилично рано. Најважно е да постигнеме брз гол, ако успееме во тоа тогаш се ќе биде можно“, смета Ловрен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рајс до селекторот на Словачка: Замолчи ку*во една!

Aнглиската репрезентација се пласираше во четврфиналето на Европското првенство откако во …