Шведскиот стопер Виктор Линделоф е среќен во Манчестер Јунајтед.
Линделоф минатата есен го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и сега тврди дека негова желба е уште долго да остане на „Олд Трафорд“. Сега стоперот откри дека не гледал што потпишува кога го продолжил договор.т
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Договорот на Линделоф има важност до 2024 година, а 25 годишнит стопер е среќен што својата иднина ја посвети на англискиот гигант.
„Кога ми понудија договор ми беше многу, многу лесно. Ниту еднаш не прочитав што потпишувам. Само го земав пенкалото и потпишав. Сакам да му помогнам на клубот да победува. Се надевам дека заедно ќе освојуваме трофеи. Тоа е главната цел“, изјави Линделоф
Швеѓанецот во 2017 година се пресели во Манчестер Јунајтед од редовите на Бенфика.