После три години поминати во Вулверхемптон Адама Траоре би можел да ја промени средината.
Траоре прикажуваше одлични настапи во дресот на Вулвс и така го сврте вниманието на себе, а стана препознатлив по неговата физичка конструкција и неверојатната брзина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе подолго време се шпекулира за промена на средината. Реномираниот „Тајмс“ пишува дека Лидс спремил понуда од 35 милиони евра за офанзивецот на Шпанија.
Договорот на Траоре истекува за една година и ова лето е последната шанса во клубот да заработат од неговото заминување. Името на Траоре претходно се поврзуваше со Челзи и Ливерпул.
Во случај да премине во Лидс за 35 милиониевра ќе стане најскапиот играч во историјата на клубот од „Еланд Роуд“. Пред него ќе бидат само Родриго (30 милиони) и Рио Фердинанд (26 милиони).