Дома Фудбал Англија Ливерпул ќе го претстави Алкантара уште денес

Ливерпул ќе го претстави Алкантара уште денес

Ливерпул официјално ќе го објави трансферот на Тиаго Алкантара од Баерн Минхен уште денес.

„Црвените“ вчера се договорија со Баерн и за потписот на Тиаго Алкантара ќе платат 20 милиони фунти плус 5 во форма на бонуси. Меѓутоа, таа сума ќе биде платена на 4 рати, што значи дека сега клубот од „Енфилд“ ќе издвои само 5 милиони фунти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Плејмејкерот ќе потпише договор на 4 години и ќе биде трет најплатен фудбалер во Ливерпул веднаш после Ван Дајк и Мохамед Салах.

Денес Алкантара во Ливерпул ќе ги мине вториот дел од лекарските прегледи и се очекува до крајот на денот да биде официјално промовиран во нов играч на „црвените“.

Клоп најверојатно нема да може да го вклучи во групата за мечот со Челзи кој на програмата е во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо со еден потег ги замолче сите критичари и покажа дека не е себичен (Видео)

Фудбалерите на Ал-Наср се изборија за место во големото финале на Суперкупот на Саудиска А…