Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Родриго Де Пол, е најновата желба на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Клоп на лето ќе прави реконструкција на средниот ред и сака да донесе најмалку двајца квалитетни играчи за врска, а најнова мета е токму Де Паул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Атлетико Мадрид е спремен да продаде неколку свои фудбалери поради финансиски проблеми, а Де Паул е на трансфер листата.
Аргентинецот одигра одлично на Мундијалот, а Ливерпул е спремен за неговиот потпис да плати 40 милиони евра.
За него интерес покажуваат и некои клубови од Серија А, но Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата.