Вечерва се играа вториот дел натпревари од воведното коло во Лигата на шампионите.
Најголемо внимание привлекуваше дербито на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Милан, а двата европски гиганти одиграа натпревар за уживање. Започна со доминација на Ливерпул, се играше пред голот на Милан. Арнолд се обиде да нафрли, а Томори го промени правецот на топката доволно таа да заврши во мрежата. Неколку минути подоцна Мањан одбрани пенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан во самиот финиш од полувремето успеа да излезе од својата половина и во првата посериозна шанса преку Ребиќ изедначи. И тука не застана. Само две минути подоцна Брахим Диаз погоди за целосен пресврт и водство на Милан на полувремето.
На стартот од вториот дел Милан тргна офанзивно, но Ливерпул брзо изедначи. Салах се поправи за промашениот пенал и погоди за 2:2. На 20 минути до крајот Хендерсон зафати еден фантастичен удар, па Ливерпул го врати водството. Тој резултат се покажа и како конечен.
Интересно е очекуваше да биде и во натпреварот помеѓу Интер и Реал Мадрид. Таму Реал Мадрид стигна до победата со голот во последните минути на Родриго.
Атлетико Мадрид и Порто ги поделија бодовите одигрувајќи 0:0.
Супер интересно беше во Манчестер каде што Сити го пречека германски Лајпциг. Англичаните добро отворија и после половина час водеа со 2:0, погоди Аке, а Мукиелеле си постигна автогол. Нкунку во 42. Минута намали на 2:1, за Сити во судиското продолжение преку Марез од пенал да ги врати двата гола предност (3:1).
На стартот од вториот дел Нкунку го постигна својот втор гол и намали на 3:2. Грилиш пет минути подоцна стрела за 4:2. Во 67. Минута ВАР поништи гол на Сити. Нкунку не застана на двата гола и во 73. минута стигна до хет-трик за 4:3. Кансело во 75. зголеми на 5:3. За конечните 6:3 се погрижи Жезус.
Спортинг доживеа тежок пораз од Ајакс дома со 1:5.