Дома Топ вести Ливерпул сака да го „украде“ Осимен пред носот на Наполи

Ливерпул сака да го „украде“ Осимен пред носот на Наполи

Раководството на Наполи е пред комплетирање на трансферот на голгетерот на Лил, Виктор Осимен, пренесуваат медиумите на Апенините.

21-годишниот Нигериец игра фантастилно оваа сезона во дресот на Лил, па го привлече вниманието на клубовите ширум Европа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Осимен оваа сезона на 38 меча постигна 18 гола и запиша 6 асистенции, па и самиот е спремен да направи чекор напред во кариерата.

Сега во трката за африканскиот голгетер се вклучи и Ливерпул, па поради тоа Наполи се уште не го комплетирал трансферот.

Имено, „црвените“ му нудат поголема плата на Осимен, и секако можност да се бори за најважните трофеи, па со тоа сакаат да го „украдат“ пред носот на Наполи.

Неговиот агент потврди дека конечната одлука ќе биде донесена во следните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…