Денес од 21:00 часот се одигра натпреварот од 25-тото коло во англиската Премиер лигата помеѓу Вест Хем и Ливерпул.
Ливерпул беше фаворит и бркаше победа за предност од плус пет во однос на Манчестер Сити, меѓуто „Чеканите“ одиграа одличен натпревар и избраниците на Клоп мораа да се задоволат со еден освоен бод (1:1).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вест Хем започна одлично создаде неколку шанси пред голот на Алисон Бекер. Сепак, Ливерпул беше тој кој дојде до предност и тоа со погодок од чист офсајд.
Џејмс Милнер кој беше недозволена позиција пред да ја прими топката му асистираше на Садио Мане.
Apologies there is no sound. Can’t stand Alan Smith. Voice goes through me. But a great goal by Mane. Bring on number 2.#YNWA pic.twitter.com/coiPqVwztw
— Martin Murray (@mouseyrubycurry) February 4, 2019
До изедначување Вест Хем стигна само пет минути подоцна преку Антонио Мичаил.
GOOAAAL WEST HAM EQUALIZE. #WHULIV #LIVERPOOL #WESTHAM pic.twitter.com/zRihOY2qga
— Maestro Messi (@Messischip) February 4, 2019
Во вторите 45 минути видовме нешто по смирена игра со по некоја шанса и на двата страни, па на крајот ремито беше и најреален резултат со оглед на тоа што покажаа двата тима на теренот.
За Ливерпул ова после ремито со Лестер е втор натпревар во низа кој завршува без победник.
После натпреварите од 25-тото коло Ливерпул ќе остане лидер со три бода предноста во однос второпласираниот Манчестер Сити.