Јапонскиот фудбалер Такефуса Кубо е пред трансфер во Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми.
Ливерпул за неговиот потпис ќе плати 60 милиони евра на Реал Сосиедад, но одреден процент ќе заврши во касата на Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кубо четири години беше дел од школата на Барселона, популарната „Ла Масиа“, но мораше да се врати во Јапонија откако „каталонците“ беа казнети за неправилности при трансфери на фудбалери под 18 години.
Кога се врати во Европа, Кубо потпиша за Реал Мадрид, клуб кој се уште поседува 50% од неговиот договор.