Бразислкиот фудбалер лесно, но сигурно израсна во „крал на шпекулациите“ за што се чини дека немаат крај.
Кутињо лесно стана „крал на шпекулациите“, бидејќи веќе со месеци се врти истата приказна за него околу евентуалниот трансфер во Барселона. Во Шпанија тврдат дека се е завршено, додека во Англија се сигурни дека бразилскиот фудбалер и понатаму ќе остане во Ливерпул.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Mundo Deportivo“ денеска објави дека Кутињо со сите сили сака да дојде во Барселона и дека уште од минатото лето им соопштил на управата на Ливерпул дека сака да го напушти клубот. Меѓутоа, според наводите на медиумите, на „Енфилд“ смислиле план за да го задржат Кутињо.
Наводно, според нивните сознанија во Ливерпул најдоа начин повторно да го сочуваат Бразилецот во своите редови така што ќе му ја понудат капитенската трака. Во случај Кутињо да остане на „Енфилд“ следното лето ќе има право да го промени клубот доколку тоа го сака.
Шпекулациите поврзани за Кутињо и неговиот трансфер не престануваат, а од минута во минута дознаваме некои неверојатни информации.