Дома Трансфер зона Ливерпул започна преговори со ѕвездата на Ватфорд

Ливерпул започна преговори со ѕвездата на Ватфорд

Раководството на Ливерпул започнало преговори со Ватфорд за трансфер на Исмаил Сар, пренесуваат медиумите на Островот.

„Дејли Мејл“ пренесува дека „црвените“ се уште не испратиле официјална понуда, но се сериозно заинтересирани за 23-годишниот крилен фудбалеп.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Клоп сака да има повеќе алтернативи на крилните позиции, особено поради фактот што Салах и Мане ќе бидат отсустни еден месец поради Купот на Африка.

Сар оваа сезона на 12 меча во Премиер лигата постигна 5 гола и е спремен да направи чекор напред во кариерата.

„Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…