Напаѓачот на Атлетико Билбао, Икер Муниаин го одби Ливерпул поради својот клуб.
Ливерпул размислуваше за донесување на Муниаин веќе во јануари, но тоа нема да биде едноставно бидејќи од мали нозе игра за Атлетик и не сака да го напушти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како 16-годишник за овој клуб дебитираше во 2009. година и има преку 350 настапи, а тамошните играчи често се поврзани за Атлетик, па повиците од еден Ливерпул не ги интересираат.
Муниаин оваа сезона постигна четири погодоци во девет лигашки натпревари, а освен Ливерпул за него се интересира и Наполи. Нормало, ниту едниот ниту другиот клуб не му се во главата и ќе остане уште некое време во Атлетик Билбао, а можеби и до крајот на кариерата.