Дома Трансфер зона Ливерпул е најголем „губитник“ во трансферот на Кутињо

Ливерпул е најголем „губитник“ во трансферот на Кутињо

Бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо денес официјално беше претставен како нов играч на Баерн.

Кутињо во Баерн пристигна од Барселона на едногодишна позајмица, а германскиот клуб ќе има можност да го откупи наредното лето за 120 милиони евра. Кутињо денес беше претставен и го избра дресот со број 10.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во Барса Кутињо не ги оправда очекувањата од самиот почетокот се наоѓаше под голем притисок и не се избори за место во тимот. Одлучи да ја прифати понудата од Баерн и порача дека е среќен што ќе има шанса да се докаже во Минхен.

На овој трансфер сигурно нема да се израдуваат во Ливерпул кој веројатно ќе остане без големиот бонус. Нарса требаше да исплати 25 милиони евра бонуси за настапите на Кутињо, но до тоа нема да дојде.

Барселона беше обврзана да му исплати на Ливерпул 20 милиони евра ако Кутињо запише 100 настапи и дополнителни пет милиони евра ако ја освои Лигата на шампионите.

Од тие бонуси оваа сезона сигурно нема да има ништо, а единствена надеж е ако Баерн не го откупи Кутињо и тој се врати во Барселона. Тоа е изгледа сепак е малку веројатно – ако се докаже Баерн ќе го откупи, а ако не Барса наредното лето ќе му бара нов купувач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…