Дома Топ вести Ливерпул го „краде“ Рудигер од Челзи

Ливерпул го „краде“ Рудигер од Челзи

Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.

28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.

Ситуацијата ја следат неколку европски гиганти, а последните информации од Островот се дека Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата.

Британски „Експрес“ тврди дека Ливерпул веќе преговара со агентот на Германецот, а Клоп имал разговор со дефанзивецот да го убеди да се пресели на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…