Англиските медиуми пренесуваат дека Јирген Клоп веќе ја одредил првата желба за летниот трансфер период, а тоа е ѕвездата на Фиорентина, Федерико Киеза.
Киеза игра уште една фантастична сезона во Серија А и се етаблираше како еден од најголемите таленти во Европа, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За 21-годишниот крилен напаѓач се „тепаат“ најголемите италијански клубови, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Ливерпул.
Ливерпул минатото лето беше блиску до купување на Набил Фекир од Лион, но трансферот пропадна во последен момент. Клоп се уште е во потрага по такоф профил на фудбалер, но сега приоритет е токму Федерико Киеза.
Наводно Клоп побарал од челниците на Ливерпул да го донесат на „Енфилд“ ова лето, а „црвените“ веќе спремиле понуда од 70 милиони евра.
Сепак, проблем е големата конкуренција бидејќи за Италијанецот силен интерес покажуваат уште Јувентус, Интер и Милан.
Меѓутоа Ливерпул е спремен да се бори со конуренцијата и нема да жали пари да го донесе Киеза на „Енфилд“.