Дома Фудбал Англија Ливерпул во тимот ги има трите најскапи фудбалери во историјата на Африка

Ливерпул во тимот ги има трите најскапи фудбалери во историјата на Африка

Африка во историјата има многу големи фудбалери и речиси не постои европски гигант во кој, барем некое време, не настапувал барем еден фудбалер од овој континент.

Но, она што е интересно е дека сите тројца најскапи Африканци во историјата се актуелни членови на Ливерпул, кои ги направи такви.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Се започна минатата година кога Ливерпул го доведе Сади Мане од Саутемптон за 34 милиони фунти. Сенегалецот тогаш стана најскапиот платен африкански фудбалер, но веројатно не можеше да се претпостави дека во периодот од само 365 дена двајца играчи ќе го срушат рекордот, а уште помалку дека тие двајца играчи ќе се преселат во неговиот клуб.

Прво пред неколку недели Ливерпул го доведе Египѓанецот Мухамед Салах од Рома за 37 милиони фунти, а денеска го ангажираше Наби Кеита од РБ Лајпциг.

Овој 22 годишен Гвинеец член на Ливерпул треба да стане на 1. јули 2018. година, а наводно платен е 48 милиони фунти плус 7 милиони бонуси (вклупно 55).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА задоволна: Новото правило ќе се користи и во клупскиот фудбак

Европската куќа на фудбалот пред почетокот на првенството во Германија воведе ново правило…