Дома Фудбал Англија Ливерпул во новата сезона ќе има и нов грб

Ливерпул во новата сезона ќе има и нов грб

Aнглискиот гигант Ливерпул пред почетокот на сезоната во Премиер лигата го промени и клупскиот грб.

Промената на грбот која клубот ја прави по цели 32 години доаѓа поради дигиталниот маркетинг и подобро брендирање на клубот.

Новиот грб на Ливерпул го содржи само основниот симбол од претходниот клупски грб.

„Повеќе од 86% од посетителите на официјалниот сајт и 98% од корисниците на клупските канали доаѓаат од мобилните уреди, па поради тоа потребно е и брендирањето на клубот да биде појасно и повидиливо на помалите екрани“, стои во соопштението.

Новиот грб ќе се користи за претставување на Ливерпул на сите клупски платформи и друштвени мрежи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем со позитивни вести пред дуелот со Манчестер Јунајтед

Тотенхем доби големо олеснување откако дефанзивците Мики ван де Вен и Јан Пол ван Хеке изб…