Од НБА објавија дека новата сезона стартува на 19. октомври, а ќе треба да заврши најдоцна до 19. јуни 2022 година. Сега пристигнува „бомба“ од трансфер пазарот.
Лејкерси е во завршна фаза на преговори за ангажман на Расел Вестбрук.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вестбрук побара од Вашингтон да биде трејдуван, па Лејкерси веднаш тргнале во акција и испратиле понуда. Американските медиуми пишуваат дека во Вашингтон би можеле да бидат испратен Колдвел-Поуп и Монтрел, плус првиот пик од драфтот во 2021 година кој им припаѓа на Лејкерси.,
Со Вестбрук, покрај Леброн и Дејвис сигурно дека Лејкерси би биле први фаворити за прстенот во новата сезона.