Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси подобри од Далас, Дончиќ немаше своја вечер (ВИДЕО)

Лејкерси подобри од Далас, Дончиќ немаше своја вечер (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.

Кошаркарите на ЛА Лејкерси на свој паркет го победија Далас со 109:95.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Лејкерси успеаа да се вратат во победнички ритам после неколку порази, а вчера во „Стејплс Центарот“ беа подобри со 109:95. Домаќините водеа од самиот почеток на натпреварот и таа предност не ја испуштаа до крајот.

После првата четвртина Лејкерси водеа со 25:19 додека на одмор заминаа со резултат 54:43. Во продолжение Лејкерси ја чуваа предноста и беше јасно дека одат кон победа. На крајот славеа со 109:95 и сега се на скор од 26-7, додека Далас има 21-11.

До нов триумф Лејкерси ги водеше Ентони Дејвис со 23 поени, 9 скока и 4 асистенции, додека Леброн Џејмс одигра скромен натпревар со 13 поени, 13 асистенции и 6 скока. Кај Далас повеќе се очекуваше од Лука Дончиќ кој немаше своја вечер. Дончиќ натпреварот го заврши со 19 поени, 7 асистенции и 4 скока, Словенецот имаше шест обиди за тројка и не погоди ниту еден.

НБА резултати:

Торонто – Оклахома 97:98

Денвер – Сакраменто 120:115

Мемфис – Шарлот 117:104

Њу Орлеанс – Хјустон 127:112

Лејкерси – Далас 108:95

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…