Премиерлигашот Лестер сака да се засили во зимскиот преоден рок со дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани.
Ругани оваа сезона добива многу мала минутажа и е спремен да ја промени средината во зимскиот преоден рок, а таквата ситуација сака да ја искористи Лестер.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Лестер на сличен начин одработи и со Сојунчу кој го донесе една година пред да го продаде Мегваер, а сега веројатно ќе заработи големи пари на неговата продажба, а негова замена би требало да биде токму Даниеле Ругани.
25-годишниот Италијанец е спремен за нова авантура во Премиер лигата, а неговата цена во моментов изнесува околу 35 милиони евра.