Според последните информации од Англија, Манчестер Сити и Лестер постигнале договор.
Нападот на „Лисиците“ во следната сезона ќе биде посилен за Келечи Ихеначо.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Младиот Нигериец после пристигнувањето на Габриел Хесус падна во втор план и јасно е дека покрај него и Кун Агуеро не би добил премногу простор за игра, па заминувањето од „Итихад“ беше и очекувано.
Лестер ја доби битката за Инхеначо, иако талентираниот фудбалер беше на мета на неколку клубови од Премиер лигата, а сеуште не е познато за колкава сума Инхеначо ќе се пресели во редовите на „лисиците“.
Инхеначо за „место под сонцето“ во својот нов клуб ќе се бори со Варди, Слимани, Муса, Оказаки и Улоа.