Дома Македонски спорт Лесен „тренинг“ за Вардар, ППД Загреб испратен со +7!

Лесен „тренинг“ за Вардар, ППД Загреб испратен со +7!

По натпреварот со Барселона во Лигата на шампионите екипата на Вардар одигра уште еден фантастичен натпревар, овој пат „жртва“ беше тимот на ППД Загреб.

Избраниците на Раул Гонзалес денес забележаа победа со 30:23 (17:10) во рамките од СЕХА лигата. Загреб беше достоен противник само во првите дваесетина минути, а потоа следуваше вистинска доминацијата на македонскиот и европскиот шампион.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


До најголемата предност од седум голови разлика Вардар стигна во 23 минута. Во вториот дел иста слика на теренот, Вардар не дозволуваше не дозволуваше противникот да се доближи, па на крајот запишаа и убедлива победа.

Дибиров и Карачиќ беа најефикасни со шест погодоци, Страхиња Милиќ 17 пати успешно интервенираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Прекрасен момент: Навивач ја запроси својата девојка на натпреварот на Охрид (Видео)

Ракометарите на Охрид вечерва во Прага го одиграа реванш-дуелот против Дукла Прага во рамк…