Дома Трансфер зона Леонардо: Ќе најдеме начин да ги задржиме Мбапе и Нејмар

Леонардо: Ќе најдеме начин да ги задржиме Мбапе и Нејмар

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо изјави дека клубот ќе направи се за да ги задржи двете најголеми ѕвезди, Килијан Мбапе и Нејмар.

ПСЖ поради пандемијата и предвременото завршување на сезоната пријави загуби од 200 милиони евра, па поради тоа мораше да се ослободи на играчи со големи плати како Тиаго Силва и Едисон Кавани.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Ништо не укажува дека Мбапе и Нејмар ќе го напуштат ПСЖ ова лето. Двајцата имаат договори на уште две години, ќе видиме како е најдобро да продолжиме во иднина. Мбапе е иднината на овој тим. Би било идеално да го продолжиме договорот со него“, истакна Леонардо.

„Сите го сакаат Мбапе, тој е млад, но е еден од 5-те најдобри играчи во светот. Меси веќе има 32 години, Роналдо 35, Килијан е иднината на светскиот фудбал. Ќе најдеме начин како да ги задржиме двајцата во ПСЖ уште долго време“, додаде доректорот на „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…