Дома Топ вести Леонардо: Реал не покажува почит и мораат да бидат казнети

Леонардо: Реал не покажува почит и мораат да бидат казнети

Леонардо, спортскиот директор на ПСЖ за италијанската „Газета“ зборуваше за неговата актуелната ситуација во вицешампионите на Франција.

„Од Реал веќе две години јавно зборуваат за Мбапе и за тоа мораа да бидат казнети. Не не почитуваат. Не е Килијан некој просечен играч, тој е еден од најдобрите на светот. Тренерите, луѓето од раководството, играчите, сите зборуваат за Мбапе. Тоа е нивна стратегија која воопшто не ми се допаѓа“, изјави Леонардо.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Негова желба е Мбапе да остане во ПСЖ.

„Сакаме да го продолжиме договорот со него. Тоа не се менува, тој е бисер и совршен е за нашиот тим. Никогаш не сме планирале иднина без Мбапе“, објасни Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите на Шкупи незадоволни од раководството!

Eкипата на Шкупи ова лето доведе неколку засилувања, но тоа беа фудбалери од нисколигашки …