Директорот на „росонерите“ пред почетокот од натпреварот во Лигата на Европа зборуваше за наредните чекори на клубот.
Милан вечерва забележа победа против Олимпијакос, а пред натпреварот спортскиот директор зборуваше за амбициите на клубот и потенцијалните трансфери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние започнавме нов важен проект во Милан, не смееме да зборавиме дека до пред два месеци бевме исклучени од УЕФА кога е Лигата на Европа во прашање, сега работите дефинитивно изгледаат многу подобро“.
„Ние сме среќни и сакаме да продолжиме да напредуваме. Мислам дека пронајдовме еден баланс на теренот и според мене можеме да имеме позитивна сезона. Лигата на Европа? Можеме да прикажеме добри настапи, ова натпреварување би можело да биде добра шанса и за нашите млади играчи’, изјави Леонардо.
Потоа следуваше прашање за Златан Ибрахимовиќ кој овие денови се поврзуваше со „росонерите“.
„Ибра? Златан е близок со Милан и сигурно дека сме размислувале, за него како опција, но овој момент таков трансфер не изгледа реално, но кој знае…“, изјави директорот на Милан.