Како што се наближува времето за истекот на неговиот договор се повеќе и повеќе се зборува дека Меси ќе ја напушти Барселона и ќе премине во редовите на ПСЖ.
Француски новинар за реномираниот „РМЦ Спорт“ потврди дека има проверени информации дека Меси преговара со ПСЖ. Покрај тоа Нејмар после победата на ПСЖ против Манчестер Јунајтед оваа недела порача дека сака веќе од наредната сезона повторно да игра со Меси.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Сега на таа тема конечно проговори и спортскиот диретор на ПСЖ, Леонардо.
„Знаете, нормално е Нејмар да го каже тоа на аргентински новинар. Тој мораше да зборува за Меси. Тоа е нормално. Ние мора да одржуваме почит кон другите. Тој е играч на Барселона. Кога некој зборува за нашите играчи, ние не сме задоволни. Значи, не ги допираме туѓите играчи. Сега не е време да се размислува за преодниот рок“, изјави Леонардо кој не секаше да демантира интерес кон Меси.