Дома Фудбал Останато Леонардо: Моето заминување од ПСЖ не е поради Мбапе

Леонардо: Моето заминување од ПСЖ не е поради Мбапе

Бившиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо за прв пат јавно проговори откако доби отказ од клубот.

Според некои информации Килијан Мбапе поставил услов Бразилецот да замине за да потпише нов договор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Веднаш откако Мбапе го продолжи договорот, Ленардо доби отказ и не е повеќе дел од клубот.

„Беше крај на сезоната и беше време да се носат одлуки за иднина. Од клубот не ми кажаа дека моето заминување било услов на Мбапе за да потпише. Меѓутоа, не сака да навлегувам во таа тема. Фактот дека успеаа да го задржат играчот кој е Французин е многу важно за ПСЖ, но и за Франција“, изјави Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Франција на Мундијалот ќе мора да игра и против две „проклетства“

Француската репрезентација, предводена од Килијан Мбапе и преполна со играчи од светска кл…