Фудбалерот на Легија Варшава, Жосуе беше уапсен по хаосот против АЗ Алкмар во Конференциската лига. a сега клубот објави видео компилација од хаосот кој се случуваше во Холандија.
Во целата таа ситуација најлошо поминаа Радован Панков и капитенот Жосуе кои ноќта ја минаа во притвор.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Тоа беше ужасна ноќ. Никогаш не сум доживеал нешто толку лошо, толку неправедно. А верувајте ми, сум поминал сешто во животот. Тие часови на неизвесност и стравови кои тогаш ги чувствував не ги посакувам ниту на најголемиот непријател. Излегов од затвор, но ќе ми треба некој период за психички да закрепнам. Знам дека морам да живеам со тоа“, вели Жосуе, кој додава дека лоши биле условите во келијата.
Холандската полиција тврдеше дека двајцата ги нападнале припадниците на обезбедувањето и дека на еден од нов му ја скршиле раката.
На снимката се гледа како фудбалерите се апсени од страна на полицијата.