Дома Фудбал Англија Легендата тврди: Ливерпул нема шанси за Топ 4, ако…

Легендата тврди: Ливерпул нема шанси за Топ 4, ако…

Легендата на Ливерпул и англискиот фудбал, Џејми Карагер јавно ја критикуваше трансфер политиката на клубот од „Енфилд“.

Карагер смета дека Ливерпул неколку години не донел адекватно засилување за средниот ред и ако не го направи тоа побрзо нема да се пласира во Топ 4.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Ливерпул купи само еден играч од средниот ред во изминатите четири години и дури сега доаѓа сметката за наплата на таквата политика. Ливерпул почнува да ме потсетува на Арсенал од времето на Венгер, кога не можеше да освои ниту еден трофеј бидејќи играа премногу технички фудбал“.

„Ако во клубот мислат дека можат да бидат меѓу првите четири екипи без вложени пари за засилување во средниот ред, тогаш имаат големи проблеми. Луѓето задолжени за трансфери се најдобри на светот, но не носат ниту едно засилување во средниот ред во последните два преодни рока и не гледаат дека во тој дел од играта имаат најголем проблем“, изјави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

И Ливерпул ќе се засилува од Леверкузен – тргнува по замената за Арнолд!

Ливерпул ова лето останува без долгогодишниот десен бек, Трент Александер-Арнолд, кој како…