Раководството на Ливерпул и легендата на тимот Стивен Џерард почнаа преговори за евентуалното враќање на фудбалерот на „Енфилд“, пренесуваат англиските медиуми.
36-годишниот Англичанец потврди дека ќе го напушти Лос Анџелес Галакси, па веќе почнаа шпекулациите околу неговата иднина.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Денес сепак се појавија информации дека Џерард започнал преговори со Ливерпул за враќањето во клубот, но не како фудбалер, туку како тренер. Поточно „црвените“ му нудат да биде тренер во Академијата на Ливерпул.
Џерард веќе размислува за следната фаза од својата кариера, па најверојатно ќе ја прифати оваа понуда, бидејќи истакна дека не сака да добие некоја фиктивна функција во клубот.