Дома Трансфер зона Легендата не размислува за крај: Касиљас на крајот од сезоната го менува клубот?

Легендата не размислува за крај: Касиљас на крајот од сезоната го менува клубот?

Легендарниот шпански голман би можел да го промени клубот.

Во својата 20 годишна кариера Икер Касиљас настапуваше само за Реал Мадрид и Порто, а според најавите на медиумите сега би можел како многу ветерани да се проба во САД.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Реномираниот „АС“ тврди дека Чикаго Фајр размислува за ангажман на Икер. Трансферот би можел да биде реализиран на крајот од сезоната кога воедно му истекува и договорот со Порто.

Наводно и во Порто сметаат дека е паметно на крајот од сезоната да го заменат Икер со некој помлад голман.

Касиљас во својата голема кариера практично освои се што може да се освои фудбалот. Со Реал Мадрид освои пет титули во првенството, два шпански купа, четири Суперкупови и три пати триумфираше во Лигата на шампионите, два пати во европскиот Суперкуп.

Со селекцијата на Шпанија на два пати се искачуваше на европскиот трон во 2008 и 2012 година, а го освои и Светското првенство во 2010 година.

https://www.youtube.com/watch?v=4Q7xIMQiLu4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…