Дома Фудбал Останато Легендата на Ливерпул доби отказ во Саудиска Арабија иако немаше пораз

Легендата на Ливерпул доби отказ во Саудиска Арабија иако немаше пораз

Фудбалот во Саудиска Арабија се развива со помош на астрономските суми кои ги вложуваат клубовите за да доведат познати имиња, но се случуваат и чудни моменти.

Имено, легендата на Ливерпул, Роби Фаулер кој во тренерската кариера е далеку од елитниот фудбал доби отказ иако немаше ниту еден пораз со својот тим. Фаулер кариерата како тренер ја започна во 2011 година во Тајланд, потоа работеше во Австралија и Индија, а пред четири месеци го водеше второлигашот Ал Кадсија од Саудиска Арабија.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Сега без разбирливи причини раководството на овој клуб одлучи да му даде отказ и да ја прекине соработката со него иако одлично му одеше.

На осум натпревари во Втората лига во Саудиска Арабија, Ал Кадсија има 20 бода со шест победи и два нерешени резултати и се единствени без пораз во оваа конкуренција. За да биде уште почудно, Фаулер во септември беше прогласен за тренер на месецот во оваа конкуренција.

На местото на легендата на Ливерпул ќе дојде Шпанецот, Мичел Гонзалес кој до април оваа година го водеше Олимпијакос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона постигна договор со контроверзен агент поради еден фудбалер

Изгледа дека Барселона влегла во „матна работа“ со контроверзен агент, и сето тоа поради а…