Дома Останати Кошарка Легендата на босанската кошарка спасувал жива глава во големите поплави во БиХ

Легендата на босанската кошарка спасувал жива глава во големите поплави во БиХ

Босна и Херцеговина беше погодена од големи поплави кои предизвикаа големи штети, но и во кои според последните информации животот го загубиле 20 лица.

Едно од местата кои се најпогодени е Јабланица, родното место на екс-репрезентативецот на БиХ, Мирза Телетовиќ.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Според информациите на „Слободна Далмација“ Телетовиќ се нашол во ситуација во која морал да трча низ шума и кал за да се спаси.

Имено, во ова место Телетовиќ има голем инвестиација на брана која не е во употреба, но при временската непогода добил повик од Министерството да ги подигне вентилите. Откако го направил тоа тој се упатил назад кон својот дом, но тогаш пред него се срушило брдо.

„Мораше да го остави својот автомобил и да трча низ шума и кал да се пробие до куќата“, изјави Арман Ризвиќ кој е вработен во кафулето на Телетовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Проблеми за Милевски: Македонија ослабена против Летонија и Ерменија

Фудбалерот на сплитски Хајдук, Александар Трајковски не е подготвен за максимален напор и …