Дома Фудбал Легендата на Арсенал претерал со алкохол: Го запрела полиција, а тој едвај стоел на нозе

Легендата на Арсенал претерал со алкохол: Го запрела полиција, а тој едвај стоел на нозе

Легендата на германскиот фудбал, Јенс Леман се соочи со проблеми со законот откако полицијата го фатила како во алкохолизирана состојба управува со автомобилот.

Славниот голман кој имаше голема кариера очигледно и повеќе отколку што треба се опуштил на овогодинешниот „Октоберфест“. Медиумите пренесуваат дека откако полициските службеници го запреле Леман веднаш почувствувале миризба на алкохол, па му направиле алкотест.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Освен миризбата Леман и тешко се движел и имал потешкотии да го направи алкотестот. На крајот тој му бил направен преку крв. Кога било потврдено големото количество на алкохол му била одземена и возачката фозвола.

Инаку ова не е првпат за Леман да се соочува со казна за возење во алкохолизирана состојба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…