Дома Фудбал Англија Легендата го кажа своето: Сколс ги избра најдобрите 11 играчи на Манчестер јунајтед!

Легендата го кажа своето: Сколс ги избра најдобрите 11 играчи на Манчестер јунајтед!

Пол Сколс по завршувањето на кариерата често го критикуваше Манчестер јунајтед и им даваше совети што да прават.

Ако некој може да се пофали со одлична кариера, тогаш еден од нив е Пол Сколс, поранешниот играч на Манчестер јунајтед, кој цел живот го посвети на клубот и имаше 718 настапи за „црвените ѓаволи“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сколс реши да го избере најдобриот тим на Јунајтед во историјата, а немаше многу дилеми за тоа.

Поранешната ѕвезда на Јунајтед на голот го стави Питер Шмајхел, пред Едвин Ван дер Сар. Во одбраната се Гери Невил, Јап Стам, Рио Фердинанд и Денис Ирвин, а место немаше за Немања Видиќ и Патрис Евра. Во средината на тернеот се Дејвид Бекам, Рој Кин и Рајан Гигс, додека напред се Вејн Руни, Кристијано Роналдо и Руд Ван Нистелрој.

Инаку, Сколс со „црвените ѓаволи“ има освоено 11 титули во Премиерлигата, два трофеи во ФА Купот, како и два во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…