Легендата на Арсенал, Пол Мерсон, смета дека англискиот клуб може да го пушти Алексис Санчез, но само во замена за еден фудбалер.
Манчестер Сити е заинтересиран за доведување на Санчез, па Мерсон би го искористил интересот на „Граѓаните“ за Чилеанецот, за во Лондон да го доведе Аргентинецот Серхио Агуеро.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Мислам дека Арсенал во овој момент тешко може да пронајде адекватна замена за Санчез. Тој постигнува 30 голови во една сезона, но сака да замине. Арсенал е голем клуб и не му се потребни играчи кои не сакаат да бидат во клубот. Кога јас би се прашувал, доколку Сити се распрашува за Санчез, за возврат би го барал Серхио Агуеро. Тој е можеби и подобар играч за Санчез и тоа е единствениот начин на кој Арсенал би требало да го пушти Санчез“, изјави Санчез.